БУГАРСКО ДРЖАВЈАНСТВО!
За сите вие што се интересирате за бугарско државјанство, нашиот тим од правници и помошници ќе направат се што е неопходно за да ви го олеснат административниот процес за добивање.
Основни правила:
- Може да добиете бугарско државјанство врз основа на бугарско потекло или да имате родител – бугарски државјанин.
За да добиете бугарско државјанство врз основа на бугарско потекло треба да се придржувате кон определена хронологија, односно, прво треба да се утврди вашето бугарско потекло, а потоа да се подадат документи за добивање на бугарско државјанство. Орган, кој го утврдува вашето бугарско потекло е Државната Агенција за бугарите во странство ( ДАБЧ – Държавната агенция за българите в чужбина). Подавањето документи за бугарско државјанство пак се врши преку Министерството за правда на Република Бугарија.
ЧЕКОР 1
За утврдување на бугарското потекло потребни се следните документи:
- Извод од книгата на родени оригинал
- Копија од личен документ на кој е наведено државјанството и адресата на живеење на носителот.
- Документ за докажување на бугарското потекло на претходник на подносителот ( мајка, татко, баба, дедо и слично)
- Декларација за бугарска национална свест
Документите се подаваат лично во зградата на ДАБЧ во Софија. За таа цел, ние ќе ви обезбедиме и наш претставник да ве придружува!
ЧЕКОР 2
Поддавање на документи за добивање бугарско државјанство во Министерството за правда
Потребни документи:
- Извод од книгата на родени оригинал, издаден од соодветниот бугарски или странски овластен орган.
- Уверение за неосудуван издаден од државата чиишто државјанин е подносителот. Ако подносителот има регистриран долгорочен престој во Република Бугарија или друга држава, се доставува и Уверение за неосудуван и од тамошните органи. Во уверението се наведува дека се издава за да служи во процесот на добивање бугарско државјанство.
- Документ од судот со кој се потврдува дека против подносителот не се води кривично дело за прекршоци од јавен карактер, во случај ако лицето има постојан престој во Бугарија.
- Медицински документ, издаден од лекарска конзилијарна комисија (ЛКК) од здравствена установа според местото на живеење со која се потврдува дека лицето не боледува од некоја од болестите по чл.61, став.1; чл.146, став.1 т.1 и 2 од Законот за здравје, како и некоја од сексуално преносливите болести. Ако нема ЛКК, тогаш документот го издава одделот за трудова медицина кон локалната или реонската болница. Ако подносителот живее во странство, тогаш документот се издава од соодветниот орган во земјата каде што престојува апликантот. ( да биде наведено дека документот се издава за да служи во процесот на добивање бугарско државјанство)
- Декларација како што е наведено во Анекс 4 од Наредбата бр.1
- Официјален документ со кој се потврдува промена на име ако има таква, како и официјален документ за идентичност на лица со различни имиња.
- Актуелна слика – пасошки формат – 1
- Автобиографија
- Копија од личен документ со кој се потврдува идентитетот на подносителот
- Официјален документ кој е издаден од бугарски или странски орган, а врз основа на Изводот од матична книга на родени, регистар на население и сл, а кој содржи податоци за бугарското потекло на лицето или негови претходници. Ако нема таков документ тогаш се доставува Потврда за бугарско потекло, издадена од Државната Агенција за бугарите во странство.
Докуменитте кои ги доставува подносителот, во зависност од државата што ги издава треба да одговараат на барањата и соодветните прописи за билатералните меѓународни договори или на конвенцијата со која се отстранува барањето за легализација на странски документи, составена во Хаг на 05 октомври 1961г. Чија членка е и Бугарија или со Правилникот за легализација, заверка и преводи на документи и други книжи ДВ, бр.73 од 1958 год. изменето и дополнето бр.10 од 1964 год., бр.77 од 1976 год, бр.96 од 1982 год. бр.77 од 1983год. и бр.103 од 1990год. како и да имаат превод на бугарски јазик, соддветно заверен според предвидениот начин.